Connect with us

Фудбал

Севилја го доби на позајмица Фофана од Милан

Францускиот фудбалски репрезентативец Јусуф Фофана се приклучи на Севилја на позајмица од Милан. Договорот е за една сезона и не вклучува опција за откуп.

Дваесет и седумгодишниот Французин има тековен договор со клубот од Милано до 2028 година. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 23 милиони евра.

Фофана нема официјален настап оваа сезона. Тој има 25 настапи во кариерата за француската репрезентација.

Севилја, исто така, ги објави потпишувањата на белгискиот напаѓач Лук Стасен од Сент Етјен и португалскиот крилен играч Феликс Кореја од Лил. Двајцата играчи беа позајмени со опција за откуп.