Connect with us

Фудбал

Грилиш: Моите први шест месеци во Евертон беа совршени

Фудбалерот за врска, Џек Грилиш е среќен што се враќа во Евертон. Тој доаѓа како позајмен играч од Манчестер сити.

– Воодушевен сум што се вратив. Мислам дека во сè во животот, не само во фудбалот, сум најдобар кога чувствувам љубов. Тоа е она што ми го дадоа мојот менаџер, моите соиграчи, а особено навивачите. Секој пат кога ќе видам навивач на Евертон, ја чувствувам таа вистинска љубов. Никогаш нема да го заборавам начинот на кој бев пречекан од првиот натпревар против Лидс. Тоа многу ми значи и се надевам дека ги израдував некои навивачи на Евертон.
Моите први шест месеци тука беа совршени. Останав блиску до тимот по повредата. Ги гледав сите натпревари на Евертон во претсезоната и од почетокот на сезоната. Сега се чувствувам подготвен. Подготвен сум да почнам со тренинзи утре и да се подготвам за натпреварите, изјави Грилиш за официјалната веб-страница на „карамелите“.

Триесетгодишниот Англичанец веќе играше за Евертон како позајмен во сезоната 2025/26. Во 22 натпревари, тој постигна два гола и имаше шест асистенции.