Connect with us

Фудбал

Номинациите за „Златна топка“ на 8. септември

Листата номинирани фудбалери за престижното признание „Златна топка“ за сезоната 2025/26 ќе биде објавена на 8 септември, објави организаторот „Франс фудбал“.
Церемонијата на доделување на наградата за најдобар фудбалер во светот ќе се одржи на 26 октомври во Лондон.
Престижното признание минатата сезона го освои напаѓачот на актуелниот европски клупски првак ПСЖ и француски репрезентативец Усман Дембеле.
Рекордер со најмногу освоени награди е Аргентинецот Лионел Меси, кој осум пати во кариерата ја освои „Златната топка“.
Наградата „Златна топка“ се доделува од 1956 година, а нејзин прв добитник беше англискиот напаѓач Стенли Метјуз.