Фудбал
Жезус официјално три години во Барселона
Актуелниот шпански првак Барселона потпиша денеска тригодишен договор со 29-годишниот бразилски напаѓач Габриел Жезус.
Шпанските и англиските медиуми јавија попладнево дека трансферот е вреден 10 милиони евра со потенцијални бонуси кои се вклучени во договорот.
Габриел Жезус ја почна кариерата во бразилскиот Палмеирас, а во европскиот фудбал пристигна во 2017 година, приклучувајќи му се на Манчестер Сити. Во 2022 се пресели во Арсенал, но во последните сезони Бразилецот имаше многу проблеми со повредите и долго време беше резервна напаѓачка опција за лондонскиот клуб.
Пред Габриел Жезус, Барселона ова лето донесе неколку квалитетни играчи, вклучувајќи ги Ентони Гордон за 80 милиони евра, Родри за 60 милиони и Карим Адејеми за 22 милиони евра.
септември 2, 2026
