Кошарка
Минесота го повлекува дресот 21 на Гарнет
Во чест на Кевин Гарнет, НБА екипата Минесота Тимбервулвс ќе го повлече дресот со број 21. Гарнет е еден од најдобрите играчи на Минесота во нејзината историја, а уште некои од неговите клупски рекорди се актуелни.
Свечениот чин ќе се случи на 28.февруари 2027 година кога во Минесота ќе гостува Бостон Селтик, вториот тим на Гарнет каде настапуваше од 2007 година. Притоа како дел на Бостон во 2008 година ја освои шампионската титула заедно Ражон Рондо, Реј Ален, Пол Пирс, … Бостон во 2022 година во чест на кошаркарот го повлече дресот со број 5.
Кевин Гарнет во 1995 година на драфтот беше избран од Минесота како пик број 5. Во 2004 година ја освои наградата МВП и до ден денеска е единствениот со ова признание во Минесота
август 15, 2026
