Хроника
Почина затвореник во кумановскиот затвор
Дваесет и седумгодишен затвореник од Куманово бил пронајден починат во Казнено-поправната установа затвор К’шање, соопшти Секторот за внатрешни работи Куманово.
– Вчера во 12:35 часот во СВР Куманово, од казнено – поправна установа затвор К’шање било пријавено дека бил пронајден починат осуденикот С.Ш. (27) од Куманово-соопшти СВР Куманово.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција на Институт за судска медицина Скопје.
јули 25, 2026
