Вести
Клековски: Во ниеден момент немало криење информации од Министерството за здравство за случувањата во Гостивар
Во ниеден момент немало криење информации од Министерството за здравство за состојбата во Гостивар – изјави денеска министерот за здравство, Сашо Клековски.
– Јас бев првиот што во саботата информирав дека првите случаи се регистрирани на 13 јули. Министерството за здравство и јас ќе продолжиме транспаретно да ги соопштуваме податоците бидејќи немаме што да криеме – рече Клековски на денешната прес-конференција во Владата.
Првата службена информација за случувањата во Гостивар до Министерството за здравство е пристигната во петокот во 13 часот.
Досега, како што соопшти, имало речиси 3.100 здравствени контакти од Здравстветниот дом, Општата болница, телефонски јавувања и интервенции на брзата помош.
Првиот преглед е направен на 14 јули, а на 19 јули првпат е забележано намалување на бројот на приеми.
Клековски соопшти дека денеска ќе заседава и Комисијата за заразни болести, која ќе излезе со соодветни препораки.
јули 21, 2026


