Connect with us

Хроника

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци

Граната од Првата светска војна е пронајдена во Новаци при изведување на градежни активности. Гранатата е безбедно подигната од Дирекцијата за заштита и спасување.

– На 19.06.2026 во 09:00 часот во Полициско одделение Новаци, од Комунална хигиена во Општина Новаци е пријавено дека во селото, додека извршувале работни задачи, била пронајдена неексплодирана граната. Од Дирекцијата за заштита и спасување, граната е безбедно подигната, при што било констатирано дека се работи за артилериска граната 75мм од Прва Светска Војна, информира денеска МВР во полицискиот билтен.

Ad
Ad