Хроника
Опожарена куќа во Бутел
Куќа била опожарена во општина Бутел, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
– Денеска во 4:55 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бутел настанал пожар во куќа, сопственост на В.А., кој во моментот бил во Италија – информираа од МВР.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје. Нема повредени лица, бил извршен увид
јуни 18, 2026


