Connect with us

Вести

Мицкоски: 3 спрема 1 е резултатот меѓу сегашната и претходната власт во однос на инфлацијата и откупот на тутунот

Три спрема еден е резултатот меѓу сегашната и претходната власт во однос на инфлацијата и откупот на тутунот. Тоа е разликата помеѓу економијата на оние што прават лажна хистерија и привид во јавноста и на овие што работат и испорачуваат. Денес, се потпишуваат договори за 430 и 450 денари за килограм тутун, а пред 5-6 години килограм тутун беше 150 денари, ако имате среќа. Инфлацијата сега, како резултат на кризата, е 4,5-4,7 отсто, а пред четири години беше 19, 20, 21, 22 проценти – рече денеска премиерот Христијан Мискоски одговорајќи на новинарски прашања.

Тој напомена дека веќе се исплатени нешто повеќе од 2 милијарди денари субвенции за повеќе од 15.000 тутунари, со што, за две години, откако е избрана оваа Влада, вкупната исплата во земјоделството врз основа на директни плаќања и преку Програмата за поддршка на руралниот развој достигна речиси 15 милијарди денари.

– Ако направиме споредба на овие две години и годините 2021, 2022, 2023, три години на претходната влада, ќе дојдеме до следниот заклучок: во овие две години исплатени се 15 милијарди денари, вклучително и долговите од 2021, а претходната влада за три години, 2021, 2022 и 2023 исплати нешто помалку од 14 милијарди. Една милијарда помалку за три години, а оваа Влада една милијарда денари повеќе за две години. Тоа е разликата помеѓу економијата на оние што прават лажна хистерија и привид во јавноста и овие што работат и испорачуваат. Тоа се бројките, тоа се фактите – истакна Мицкоски.

Според него, една од првите активности кога бил избран за премиер била да ги повика откупувачите и да им порача дека Владата очекува фер однос кон тутунарите. 

– Пред 5-6 години килограм тутун беше откупуван за 150 денари, ако имате среќа. Денеска, веќе се потпишуваат договори за 430 и 450 денари за килограм продаден тутун. 3 спрема 1 за само 5-6 години. Не зборуваме сега за нешто што се случило пред неколку децении, зборуваме за 5-6 години, 3 спрема 1. Тоа е токму поради фактот што една од моите први активности кога бев избран за претседател на Владата, заедно со министерот за земјоделство, беше да ги повикам откупувачите и токму таква порака да испратим дека очекуваме фер однесување кон тутунарите. Такви состаноци во изминатиот период имавме многу, вклучително и кога почна оваа, би рекол, епски најголема енергетска криза, кога ги повикавме сопствениците на поголемите трговски синџири и маркети. И ако ја споредите сега состојбата, односно кога имаме најголема енергетска криза, која гледаме дека полека но сигурно завршува, ќе дојдеме до резултат дека истите овие што создаваат хистерија, и ја споредиме со онаа криза од 2022, инфлацијата сега како резултат на оваа криза е 4,5-4,7 %, тогаш пред четири години беше 19, 20, 21, 22 %. Таа е повторно 3 спрема 1 – потенцира Мицкоски.

Премиерот повтори дека стои зад својата изјава во согласност со која Македонија има најниска инфлација во регионот.

– Стојам зад тоа, нашата инфлација е една од најниските во регионот. Годишната инфлација во Грција е над 5 отсто, во Романија и Бугарија е двоцифрен број проценти, во Хрвтаска е над 5 отсто, единствени во регионот со меѓу 3 и 4 проценти инфлација се Србија и Албанија. Косово е блиску до двоцифрен број, во Турција е над 30 отсто. Мерките и ангажманот на Владата резултаираат со вакви бројки, а овие што доздаваат хистерија, тоа им е задачата – да се обидат да манипулираат. Ианку, мора да се споредуваме со минатото за да знаеме дали сме подобри, притоа со кого, ако не со претходната влада – рече Мицкоски.

Ad
Ad