Култура
Раст на бројот на ликовни изложби во 2025, проследен со пад на публика и учесници
Бројот на ликовни изложби во 2025 година е зголемен за 6 проценти во однос на 2024 година, но истовремено е забележан значителен пад и на бројот на уметници и на посетители, покажуваат најновите статистички податоци за Ликовни изложби и ликовни колонии.
Во текот на 2025 година се организирани вкупно 594 изложби, од кои 325 биле самостојни, 238 групни и 31 ретроспективна. Вкупниот број посетители изнесувал 137.477, што укажува на намалена публика во однос на претходната година.
Најголем дел од изложбите се однесуваат на домашни ликовни уметници – 467, со 108.611 посетители. Изложбите на странски уметници биле 54 и привлекле 8.570 посетители, додека заедничките изложби биле 73 со вкупно 20.296 посетители.
И покрај растот на бројот на изложби, бројот на уметници учесници е намален за 28,6 проценти, а уште поизразен е падот на посетеноста, кој изнесува 37,6 проценти.
Покрај изложбената дејност, во 2025 година се одржани и 14 ликовни колонии, при што и таму е регистрирано намалување на бројот на учесници.
јуни 1, 2026
