Connect with us

Вести

Пропадна вториот обид за продажба на Аудито на Рамиз Мерко

Пропадна и вториот обид за продажба на луксузниот автомобил на Рамиз Мерко. Аудито А6, симбол на општинскиот комфор од минатото, не доби нов сопственик. Поради слабиот интерес за возилото со волан од змиска кожа, за кое Мерко своевремено искешира 67.000 евра , се одложи продажбата која беше закажана за 28 мај, а требаше да се реализира по пат на усно јавно надавање, пренесува Телевизија Алфа.

Од општина Струга за Алфа брифираат дека се пријавил само еден купувач, но имале сознанија дека имало најмалку тројца заинтересирани кои заради празниците не успеале да ја платат гаранцијата за учество на јавното наддавање.

Инаку продажбата на аудито оди преку овластен извршител кој пред 2 месеци го заплени автомобилот поради неплатени долгови кои Општина Струга ги има кон повеќе доверители.

„Општина Струга неможе да учествува во јавното надавање бидејки тоа е забрането со Законот за извршување, но може да ја спречи продажбата, доколку најдоцна до започнување со јавното надавање да го исплати долгот кон доверителите. Вкупните побарувања на доверителите се околу 179.000 евра “ – вели областениот извршител.

Службениот автомобил со кој Мерко се развозуваше,сега ќе го вози некој за 3 пати пониска цена,неговата моментална проценета вредност изнесува 21.864 евра. Парите од продажбата ќе завршат на сметка на извршителот, а потоа ќе бидат насочени кон подмирување на побарувањата на доверителите.

„Општина Струга нема да учествува на аукцијата за ова возило, бидејќи политиката на оваа администрација е јасна: намалување на возниот парк и редуцирање на трошоците за негово одржување и користење. Сите одлуки и мерки преземени од првиот ден од мандатот на градоначалникот, Менди Ќура, имаат една единствена цел: намалување на непотребните трошоци и стабилизирање на финансиската состојба на општината“ – велат од општина Струга.

Инаку, преземањето на локалната власт Ќура го започна со потпишување на одлуката за продажбата на аудито. Парите требаше да бидат неменети за набавка на комбе кое ќе им служи на општинската администрација, спортските клубови и на центарот за деца со посебни потреби.

За потсетување Мерко беше гонет за злоупотреба на службената положба, затоа што набавил 4 службени возила меѓу кои и аудито, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка.Контроверзниот градоначалникот кој се најде на црната листа на САД за корупција и мешање во судски процеси,куртули од затвор.Судот го ослободи од вина за луксузниот возен парк, тежок околу 114.000 евра. Мерко на Ќура му остави во аманет долг од над 15 милиони евра. Точната сума ќе се знае идниот месец,откако ревизорите ќе влезат во општинската зграда.

Ad
Ad