Connect with us

Вести

Социјалните мрежи „вријат“ по одлуката на Агенцијата за филм за финансирање документарен филм за Слаткар

Шок и неверување. Социјалните мрежи вријат откако Агенцијата за филм одлучи да одобри пари за снимање на документарен филм за раперот Слаткар кој меѓу другото е запаметен и по песна со која директно повикуваше да се гласа за промена на уставното име на Македонија, пренесува Телевизија Алфа.

Во најголем дел од јавните реакции, граѓани велат дека имало други пејачи кои многу повеќе заслужувале биографска филмска обработка на нивниот живот и творештво. Помеѓу имињата кои најчесто беа спомнати се Тоше Проески, Александар Сариевскки, ДНК и Симон Трпчевски.

„За светски имиња се снимаат автобиографски филмови дури кога ќе остарат или кога ќе умрат. Не дека ја потценувам музиката на Слаткар ама кој к…. некого би го интересирало за неговиот живот“.

 „Можеби мислевте дека, на пример, за Тоше Проески ќе се прави биографски филм. Е мислевте, ама не. Или за ДНК, на пример. Не не. Или, еве, за Симон Трпчески“, ова се дел од коментарите на Фејсбук.

Ангел Симов од Гевгелија во 1957 година во Скопје создал лек кој до ден денес го користат неколку милијарди луѓе на планетава, а тоа е кафетинот.  Ѓорѓи Маленков, со потекло од Охрид, бил еден од највисоките функционери во Советскиот Сојуз во педесеттите години. Во Македонија ретко се зборува за неговата историска улога. Ферид Мурад, со семејно потекло од Лакавица е добитник на Нобелова награда за медицина. Неговите откритија имаат големо значење за кардиоваскуларната наука.

„На овие тројца прво ми текна.. за нив нема ни идеја, ни пари… Има за Слаткар!“, ова се само дел од реакциите на јавноста“, ова се дел од коментарите на Фејсбук.

Продуцентот Пеце Талески од ОХО кој пред две години во сомнителна процедура доби 2,5 милиони евра за документарец на Тоше во сомнителен конкурс во кој беше единствен апликант, а од филмот се уште нема ништо, во телефонски разговор за Алфа појаснува дека филмот е за деца со посебни предизвици. Тој зема народни пари и од МРТВ работејќи и со копродукции во кои главно партиципираат припадници на некогашната шарена револуција, но и актуелниот министер за култура.

„ОХО Продукција отсекогаш верувала во моќта на вистинските приказни. Приказни кои инспирираат, охрабруваат и оставаат трага долго по завршувањето на последниот кадар.

Затоа сме особено горди што ќе ја раскажеме и оваа на Слаткаристика, преку Документарен филм, говорејќи за човек кој својата најголема животна пречка ја претвора во своја најголема сила“, вели Пеце Талески Охо продикција, пишуваат на Фејсбук од Охо продукција. –

Се огласи директорот на Агенцијата за филм Сашко Мицевски. Тој вели дека филмот не е за животот и делото на Слаткар, туку во центарот е неговата говорна мана и социјалниот аспект на хендикепот. Појаснува дека Слаткар е субјект во филмот избран само поради неговата популарност.

„Станува збор за музичка приказна на Марко МАринковиќ и ја отвара темата за лицата со говорна мана и комуникациски потешкотии и нивното место во општеството. Проектот е во соработка со Заводот за говор и слух и од поддржан од Креативна Европа и главен фокус ќе бидат лицата со попреченост и како музиката делува како терапија и како музичката уметност му има помогнато на самиот протагонист“, вели Сашко Мицевски, директор на Агенција за филм

Режисер е Радован Петровиќ кој минатиот конкурс доби пари за дебитантски филм додека некои со години чекаат и Агенцијата не одделува пари за студентски филмови. Помладите немаат шанси, истите луѓе добиваат милиони на секој конкурс, така и сега, ни повеќе ни помалку туку за биографски филм за раперот Слаткар

Министерот Зоран Љутков во телефонски разговор за Алфа вели дека не бил информиран за содржината на филмот пред да се одобри. Изутринава ги видел реакциите, а се информирал и тврди дека филмот не е биографски. Чудно за министер да биде толку детално запознаен со конкретно сценарио па и толку интимно да го доживува и жестоко да го брани.

Инаку Слаткар преку песна платена од претходната власт, ги повика граѓаните да излезат на рефендум и да гласаат за промена на името. Песната „Отворено писмо“ предизвика бура реакции и осуди во јавност.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1