Политика
Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина
Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците кои од својата плата ги даваат за чланарина, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција што МИА ја пренесува интегрално.
Лажната скромност на синдикалците како Трпе Деаноски од УПОЗ излезе на виделина.
Додека во Македонија вели дека се мали платите и дека се борел за поголеми плати, дека граѓаните живееле во сиромаштија и мизерија, Трпе Деаноски во Црна Гора се луксузира на трошок на неговите синдикалци.
Трпе Деаноски, претседател на синдикатот на УПОЗ и дел од раководството на ССМ, ги троши парите од чланарините на синдикалците за луксуз, шетање и организирање на спортски игри.
Трпе Деаноски преку синдикатот на УПОЗ организирал луксузни спортски игри, кои траеле 4 дена, но не во Скопје, Охрид, Дојран или Струмица, туку во атрактивното и луксузно туристичко место Чањ, во Црна Гора.
На Трпе Деаноски мала му е Македонија и нашите туристички капацитети, па затоа одлучил спортските игри на УПОЗ, кои многупати се одржувале во Македонија, овој пат да ги одржи во Црна Гора и за тоа да потроши над 60.000 евра.
Синдикалците на батерии си го покажаа правото лице. Пред камерите глумат загрижени и борци за поголеми плати, а позади камерите се луксузираат на грбот на своите членови.
мај 28, 2026
