Скопје
Општина Кисела Вода започна комплетната реконструкција на улица „Речиште“ во Драчево со сите нејзини краци
Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска денеска присуствуваше на почеток на градежните активности за комплетна реконструкција на улицата „Речиште“ во Драчево, заедно со нејзините споредни краци.
Со овој капитален проект, кој опфаќа вкупна должина од 3,4 километри, Општина Кисела Вода, како што информира, обезбедува долгорочно решение и сигурна и современа патна инфраструктура за жителите од овој дел на општина Кисела Вода.
Градежните работи на терен ќе се одвиваат фазно, при што најпрво ќе се започне со уредување и асфалтирање на споредните краци, по што веднаш ќе се премине на финална реконструкција на главната улица. Средствата за овој проект се обезбедени преку договорот со Министерството за транспорт, во рамки на втората фаза од проектите поддржани од Владата на Република Македонија.
-Денеска започнуваме со темелна промена и модернизација на ликот на улицата “Речиште” во Драчево. Со овој голем чекор, сите краци и главната улица целосно се обновуваат и модернизираат, со што конечно создаваме инфраструктура каква што доликува за квалитетно секојдневие на сите наши сограѓани- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
мај 28, 2026
