Connect with us

Култура

„Горчлив Божиќ“ на Алмодовар од 28 мај во кината

Околу шест години по „Болка и слава“, шпанскиот режисер Педро Алмодовар се враќа на Канскиот филмски фестивал, каде што неговото најново дело, „Горчлив Божиќ“, ќе ја има својата меѓународна премиера во натпреварувачката програма. Македонската премиера на овој филм е закажана за 28 мај.

По неговиот прв игран филм на англиски јазик, „Следната соба“, Алмодовар се враќа на снимање во Шпанија и работа со некои од неговите познати соработници. Снимен во Мадрид и во живописниот Ланзароте, „Горчлив Божиќ“ ги спојува Барбара Лени и Леонардо Збарала во главните улоги, како и Ајтана Санчез-Хихон, Милена Смит, Ким Гутјерез и една од главните музи на Алмодовар – Роза де Палма, во споредна улога.

„Горчлив Божиќ“ ја следи режисерката Елса (Лени), која по смртта на нејзината мајка, како „одбранбен механизам“ – ѝ се посветува целосно на работата… Откако е принудена да направи пауза, таа оди на патување во Ланзароте со нејзината пријателка Патриција (Луенго) која штотуку дознала дека нејзиниот сопруг ја изневерува.

Важен дел од „Горчлив Божиќ“ е музиката на мексиканската пејачка Ксавела Варгас, од која Алмодовар често бил инспириран, а самиот филм го носи насловот на една од нејзините песни („Амарга навидад“). 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1