Connect with us

Култура

Огромен интерес за 60 МТФ „Војдан Чернодирнски“ во Прилеп, билети ќе се продаваат и „он лајн“

Поради огромниот интерес, в четврток, на 28 мај, една недела пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба. Билетите ќе бидат достапни преку системотkarti.com.mk, соопштуваат од организацијата на Фестивалот. 

Инаку, физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во Прилеп ќе започне в понеделник, на1 јуни. Електронската и физичката продажба на билетите се ограничени на четири билета по лице за претстава. 

За потребите на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“, билетарницата во НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе работи од 10 до 14:00 и од 17 до 21часот во периодот од 1 до 12 јуни.

За дел од претставите што се на мала сцена или се играат на самата сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе бидат пуштени само одреден број влезници во продажба. 

Јубилејното, 60-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ ќе се одржува од 5 до 12 јуни. Свеченото отворање започнува во 19 часот на 5 јуни со изложбата „60 години МТФ „Војдан Чернодрински“. Почеток на патеката е Народен театар „Војдан Чернодрински“ , а потоа продолжува со свеченото отворање во Центар за култура „Марко Цепенков“. Фесдтивалот ќе го отвори  претставата „Мачкина глава“ во продукција на Драмски театар од Скопје.

Во официјалната програма се 10 и уште 4 во оф програмата на Фестивалот кој ќе понуди и богати содржини. 

Јубилејното издание е под мотото „Храбриот нов Театар“.

На отворањето ќе бидат доделени и наградите за животно дело на Атила Клинче, Сашо Миленковски, Љубомир Чадиковски и Веби Керими.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1