Connect with us

Регион

Идентификувано е телото на жртвата во случајот во кој беше уапсен началникот на белградската полиција

Вишото јавно обвинителство во Белград попладнево соопшти дека Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ доставил извештај за идентификација на остатоците пронајдени во буре во Инѓија, при што е утврдено дека станува збор за Александар Нешовиќ, чие исчезнување е пријавено на 13 мај.

ДНК анализата утврдила дека станува збор за А. Н, чие исчезнување е пријавено на 13 мај 2026 година, соопштија од Обвинителството.  Останките беа пронајдени на 21 мај во буре на територијата на општина Инѓија, 60 километри северно од Белград.

По пукањето во ресторанот „27“ во населбата Сењак, во Белград, на 12 мај беа уапсени неколку лица, меѓу кои и началникот на белградската полиција, Веселин Милиќ, и уште тројца полицајци, кои се осомничени за прикривање докази. Милиќ беше началник на белградската полиција два мандата.

Во меѓувреме, тој беше советник на претседателот на Србија, кој му додели медал за храброст во 2021 година.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1