Кошарка
Брансон МВП на финалето на Источната конференција
Плејмејкерот на Њујорк никс, Џејлен Брансон е прогласен за МВП (најкорисен играч) на финалето на Источната конференција во плејофот на НБА.
Нујорк ноќеска ги победија Кливленд Кавалирс со 130:93 во четвртиот натпревар за максимални 4:0 во серијата.
Брансон имаше просек од 25,5 поени, 7,8 асистенции, 3,3 скока и 1 украдена топка по натпревар во четири натпревари.
Во финалето на НБА, Њујорк ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Оклахома Сити и Сан Антонио спарс (2:2 по четири натпревари).
мај 27, 2026
