Connect with us

Скопје

Соработка на Општина Кисела Вода и Институтот за јавно здравје

Градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменковска Трајковска и директорката на  Институтот за јавно здравје  – Скопје,  д-р Марија Андоновска денеска потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции со којшто се овозможува воспоставување институционална мрежа која директно ќе придонесе кон заштита и унапредување на јавното здравје, како и подобрување на целокупните услови за живот на локалното население. 

Прес-службата на Општина Кисела Вода информира дека соработката предвидува заедничко делување и координација во креирањето на локалните политики за здравствена заштита и заштита на животната средина, за што општината ќе добие континуирана експертска, стручна и техничка поддршка. Покрај ова, како што соопштуваат, партнерството овозможува реализација на заеднички програми, организирање на превентивни и едукативни активности за подигање на јавната свест, како и високо ниво на подготвеност за заедничко постапување во услови на кризни и вонредни состојби.

– Со овој чекор, Општина Кисела Вода продолжува посветено да работи на иницијативи кои обезбедуваат директни придобивки за заедницата преку стратешки партнерства со клучните државни институции, се вели во соопштението.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1