Connect with us

Вести

Мицкоски го пречека Пленковиќ: Средбата е потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на аеродромот во Охрид го пречека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој престојува во официјална посета на земјата.

– Денес имав чест и задоволство да го пречекам претседателот на владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Оваа средба претставува потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска, како и важноста на меѓусебната соработка, европските вредности и регионалната стабилност – напиша премиерот Мицкоски на „Фејсбук“.

Според агендата, по пречекот, во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и Пленковиќ, а во 11.15 часот ќе се одржи владина билатерална средба во хотелот „Инекс Олгица“.

Потоа е предвидено двајцата премиери да потпишат договори за стратешка соработка помеѓу двете земји, а македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија ќе потпишат меморандум за соработка.

Во 12.30 часот следува заедничка прес-конференција на Мицкоски и Пленковиќ.

За време на престојот на Пленковиќ во Македонија предвидена е и бизнис-средба на сопственици на компании од двете држави.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1