Connect with us

Регион

Дендиас во Тирана со барање за обновување на преговорите за морската граница

Грчкиот министер за одбрана, Никос Дендиас, денеска престојува во посета на Тирана, каде најпрво оствари средба со неговиот албански колега Ермал Нуфи, по што се сретна и со премиерот Еди Рама.

Според медиумите на средбата со Нуфи станало збор за билатералната соработка во областа на одбраната и регионалната безбедност.

– На средбата со премиерот Рама, што е и главната цел на посетата на Дендиас, тој побарал обновување на преговорите за определување на морската граница меѓу двете земји, прашање за кое при неговата посета пред неколку години, Дендиас, тогаш како министер за надворешни работи на Грција, се согласи прашањето да се реши во Меѓународниот суд на правдата, објавија медиумите.

Тирана и Атина потпишаа договор за дефинирање на поморската граница во 2009 година во Тирана, кога во Албанија на власт беше Демократската партија, сега во опозиција. Договорот го потпишаа тогашните шефови на дипломатиите на двете земји, Дора Бакојани и Љуљзим Баша.

Социјалистите на Рама, тогаш во опозиција, тој договор го оспорија пред Уставниот суд, тврдејќи дека со него Албанија би изгубила 225 квадратни километри од територијалните води на Јонско Море, по што судот го прогласи за неуставен.

Грчкиот министер попладнево ќе оствари средба и со поглаварот на Албанската автокефална православна црква, г.г. Јоан.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1