Connect with us

Хроника

Пијан велешанец оштетил 4 паркирани возила, а полицијата на лице место го лишила од слобода

Полициски службеници од СВР Велес, вчера вечер во 01:00 часот по полноќ го лишиле од слобода 31 годишниот  П.Н. од Велес. Tој од полицијата бил  затекнат како врши оштетување на возила, при што оштетил три патнички возила паркирани на улица „11 Октомври“ и едно патничко возило паркирано на ул. „Никола Карев“ во Велес. При превземање мерки било констатирано е дека е под дејство на алкохол, при што му биле  измерени 1,47 промили алкохол во крвта, информираат денеска од  СВР Велес.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветени поднесоци, најавија од СВР Велес.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1