Хроника
Кривична пријава за кумановец кој ѝ се заканувал на снаата, судот му одреди отстранување од домот
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против шеесет и едногодишен кумановец кој подолго време психички ја малтретирал и ѝ се закананувал, соопшти денеска СВР Куманово. По предлог на СВР Куманово, Основен суд Куманово донесе решение за итна мерка отстранување од домот во времетраење од 30 дена.
-СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Л.(61) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик. Пријавениот Н.Л., подолг период вршел психичко насилство врз неговата снаа С.Л., со која живее во иста куќа, постојано и упатувал закани дека ќе ја убие неа и сите во домот. Последен пат, на 18.-ти мај околу 16:00 часот во семејниот дом, пријавениот Н.Л., исто така, ѝ упатил закани по животот-соопшти полицијата.
мај 22, 2026
