Connect with us

Регион

Брнабиќ: Не ја разбирам стратегијата на ЕУ

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ денеска во Прага изјави дека не ја разбира стратегијата на Европската Унија, тактиките и погледот кон Западен Балкан. Таа нагласи дека се постојано се менува и дека имало голем број празни и неисполнети ветувања, и верува дека многу отворени прашања во регионот би можеле да се решат многу полесно доколку тој беше дел од ЕУ, пренесоа белградските медиуми.

„Моето мислење е дека ова е прилично лесна и јасна одлука од две причини. Првата е што ова е релативно мал регион, многу мал регион. Втората работа е што рековте дека регионот е обележан со конфликти. Тие конфликти сè уште постојат. За среќа, тие повеќе не се оружени конфликти – далеку од тоа, се надевам, но регионот сè уште е обележан со конфликти. И се чини дека не можеме да се извлечеме од тоа“, рече таа на панелот на Глобалниот безбедносен форум „GLOBSEC 2026“ што се одржува во Прага.

Според неа, сосема е јасно дека регионот треба да стане дел од ЕУ како најуспешен мировен проект во човечката историја, за да тие конфликти останат во минатото.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1