Хроника
Приведен гостиварец, придружувал турски државјани кои сакале од Македонија илегално да влезат во Грција
МВР соопшти дека доцна синоќа е лишен од слобода Т.Х.(51) од Гостивар, со живеалиште во Скопје, зашто придружувал група турски државјани при обид илегално да ја преминат границата од Македонија кон Грција.
Турските државјани се сместени во прифатен центар.
-На 19.05.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Т.Х.(51) од Гостивар, со живеалиште во Скопје. Околу 21:40 часот, при опсервација на терен, забележана е и спречена група од пет лица – турски државјани и Т.Х., кој им бил придружба, при обид илегално да ја преминат границата од Р.С. Македонија кон Република Грција, информира МВР.
По целосно документирање на случајот против Т.Х. ќе биде поднесена пријава по член 211 од Законот за странци – „помагање на странец при недозволен излез“.
мај 21, 2026
