Хроника
Лишен од слобода велешанец кој извршил тешка кражба од базна станица на телекомуникациски оператор
Полициски службеници од СВР Велес вчера во 11:40 часот го лишиле од слобода 24 годишниот И.В. од Велес. Тој се сомничи дека од базна станица на телекомуникациски оператор во Велес извршил кривично дело „тешка кражба“.
Како што информират попладнево од СВР Велес, дел од одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. И.В. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава
мај 20, 2026
