Connect with us

Хроника

Сообраќајна незгода помеѓу два електрични тротинета на Кејот на Вардар, повредени двајцата возачи

Сообраќајна незгода помеѓу два електрични тротинета се случила вчера на велосипедска патека на Кеј на река Вардар во Скопје, при што двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, од кои едниот со потешки. 

Во СВР – Скопје вчера во 08:00 часот е пријавено дека на велосипедска патека на Кеј на река Вардар во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу два електрични тротинети, управувани од 62-годишната С.С. и 12-годишник, двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., додека со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1