Хроника
Расчистено разбојништво во обид во Битола, лишено едно лице поднесена кривична пријава
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(36) од Битола поради основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“.
Полициски службеници од СВР Битола денеска во 01:00 часот по полноќ го лишиле од слобода М.Ѓ. и при извршен претрес со Наредба од основен суд Битола во неговиот дом бил пронајден и одземен пиштол.
Според пријавеното истиот на 30 април во 18:10 часот во канцеларија за кредитирање лоцирана на ул. „Столарска“ во Битола се обидел да изврши разбојништво со закана со огнено оружје, но не успеал и се дал во бегство.
мај 17, 2026
