Живот
Маж уапсен поради кражба на 800 години стар череп на светица од црква во Чешка
Чешката полиција пред два дена уапси 35-годишен маж осомничен за кражба на 800 години стар череп на светица од црква во северна Чешка. Од полицијата соопштија дека вредната реликвија, за која се верува дека ѝ припаѓа на Света Здислава од Лемберк, била пронајдена ден по кражбата.
Инцидентот се случил во базиликата „Свети Лоренс и Света Здислава, на околу 110 километри северно од Прага. Полицијата објави снимка од безбедносните камери на која се гледа лице облечено во црно како трча низ црквата носејќи ги моштите.
„Истражителите успеаја да откријат каде се наоѓа оваа ретка реликвија“, соопшти полицијата во објава на социјалната мрежа „X“. Засега не се соопштени дополнителни детали за мотивите на осомничениот, ниту за состојбата на реликвијата по нејзино пронаоѓање.
мај 16, 2026
