Скопје
Во акцијата „Генералка викенд“ во Скопје собрани 200 кубни метри отпад
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и оваа година активно се вклучи во масовната еколошка акција „Генералка викенд“, која се одржа на 8 мај на повеќе локации во Скопје.
Акцијата, како што соопштија денеска од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, се одржа на кејот на реката Вардар опфаќајќи ги двете страни на речното корито, при што стотици учесници во акцијата собираа разни видови непрописно одложен отпад од брегот и од пешачките патеки.
Паралелно, активностите се реализираа и во сите скопски општини, каде што граѓаните и волонтерите го одлагаа собраниот отпад на претходно определени пунктови, најчесто во близина на училишта и градинки.
По завршувањето на акцијата, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје го презедоа и транспортираа отпадот од сите локации.
Во рамките на „Генералка викенд“ претпријатието транспортирало вкупно 200 кубни метри отпад од територијата на главниот град.
Од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје порачаа дека и во иднина ќе продолжат активно да учествуваат во иницијативи и активности насочени кон заштита на животната средина и јавното здравје.
мај 14, 2026
