Скопје
Општина Аеродром започнува голема акција за бесплатно собирање кабаст отпад
Општина Аеродром од 18 мај започнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината, која ќе трае до средината на јули. Акцијата е продолжение на успешната есенска кампања и се реализира во соработка со ЈП за Комунални дејности на Општина Аеродром.
Во рамки на акцијата, на повеќе локации ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните бесплатно ќе можат да го оставаат стариот и дотраен мебел, како и друг кабаст отпад од домовите.

Акцијата започнува во населбата Мичурин, каде што на 18 и 19 мај (понеделник и вторник) садовите ќе бидат поставени на улицата Анастас Митрев, зад паркот до трансформаторот и на улицата Венијамин Мачуковски, до трансформаторот кај Железничката станица
На 20 и 21 мај жителите на Острово својот кабаст отпад ќе можат да го оставаат на улицата Владимир Комаров бр. 9, до контејнерите и на улицата Владимир Комаров бр. 6-16, зад ТЦ „Скопјанка“.
Граѓаните за сите наредни локации и датуми можат да се информираат на официјалната веб-страница на Општина Аеродром aerodrom.gov.mk, поточно на линкот https://shorturl.at/Iisr6 каде што е објавен комплетниот план со точни термини и локации.
Со оваа активност, Општина Аеродром има цел да им овозможи на жителите бесплатно и организирано отстранување на кабастиот отпад, но и да придонесе за зачувување на животната средина и спречување на создавање диви депонии.
мај 14, 2026
