Connect with us

Скопје

Се реконструира улицата „Боро Менков“, Костовски најавува градежна офанзива во Скопје Север

Почна реконструкција на вториот крак од  улицата „Боро Менков“ во Скопје Север, соопшти денеска на својот фејсбук профил градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

Реконструкцијата, додава, ќе ги опфати и тротоарите, пешачките патеки, како и паралелните паркинзи. 

– Ова е една од најголемите и најзначајните улици во Скопје Север. Реконструкција на сите пристапни патеки до зградите во должина од над 2.000 метри е во тек и се работи. Со оваа реконструкција ги опфаќаме зградите на улиците „Боро Менков“, „Костурска“, „Лазо Москов“, „Гоце Стојчевски“, стои во објавата.

Тој посочува дека се реконструира и фасадата на општинското основно училиште „Петар Здравковски – Пенко“, во населеното место Скопје Север.

– Наскоро ќе се реконструира и улицата „Костурска“ заедно со двата големи паркинг простори и пристапни патеки. Исто така, за прв пат ќе се изгради и тротоар за безбедно и непречено движење.

Општина Бутел, нагласува, вложува над 65 милиони денари во големи и значајни проекти во населеното место Скопје Север.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1