Connect with us

Скопје

Скопје по 11-ти пат дел од глобалниот хуманитарен мото-настан „The Distinguished Gentleman’s Ride“

В недела во Скопје ќе се одржи 11. издание на глобалниот хуманитарен мотоциклистички настан „The Distinguished Gentleman’s Ride“, кој ги обединува љубителите на класични мотоцикли и модата со цел собирање средства и подигнување на свеста за машките болести.

Како што информираат организаторите, на улиците во главниот град се очекува да излезат повеќе од 220 мотоциклисти со своите класични мотоцикли. Основната цел на манифестацијата е ширење на свеста кај машката популација и прибирање финансиски средства наменети за борба против ракот на простата и машките самоубиства.

– Пред 11 години Скопје официјално стана дел од ова движење, кое ги обединува пасионираните заљубеници на класичните мотоцикли и модата, во борбата против машките болести. Единаесеттата Скопска едиција досега наговестува инпресивни резултати, бидејќи оваа година на улиците на главниот град, ќе излезат повеќе од 220 „дотерани” мотоциклисти со своите класични блескави машини. Во изминативе години за борба против ракот на простата собра повеќе од 60.5 милиони долари, а на кој настан зедоа учество над 340.000 учесници во повеќе од 121 држави и 1070 градови во светот. Македонија, односно Скопското издание придонесе во овие бројки од 2016-та, со повеќе од 24,000 Долари – стои во соопштението.

Организаторот на скопското издание, екипата на „Gentleman’s Crew Skopje“, упатува благодарност до сите учесници, партнери и пријатели кои придонесуваат годинашниот настан да ги надмине досегашните достигнувања, задржувајќи ги тематските постулати на манифестацијата.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1