Connect with us

Скопје

Изградба на седум приклучни улици во Општина Ѓорче Петров во должина од 1.700 метри

Општина Ѓорче Петров продолжува со силна градежна офанзива и реализација на капитални инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на условите за живот на граѓаните. Во моментов, како што велат од локалната самоуправа, активно се работи на изградба на седум приклучни улици, со вкупна должина од 1.700 метри, со што значително се подобрува локалната патна мрежа, безбедноста и пристапноста во повеќе населени места на територијата на општината.

Меѓу улиците кои се опфатени со оваа градежна активност, нагласуваат, е и улицата „102“, каде се врши целосна реконструкција и уредување на коловозот, со цел жителите да добијат современа, функционална и безбедна инфраструктура.Со овие зафати се решаваат долгогодишни инфраструктурни проблеми, се олеснува секојдневното движење на граѓаните и се создаваат подобри услови за нормално функционирање на локалните заедници.

Градоначалникот Александар Стојкоски вели дека инвестициите во локалната инфраструктура остануваат еден од главните приоритети на општината.

-Продолжуваме посветено да работиме во секој дел од општината. Нашата цел е јасна – модерно, уредено и функционално Ѓорче Петров, каде граѓаните ќе имаат достоинствени услови за живот. Нема запирање кога се работи за потребите на народот – изјави Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров и во наредниот период продолжува со засилена динамика на реализација на инфраструктурни проекти, со фокус на рамномерен развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1