Скопје
Средба на градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте
Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денеска имала средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте, на која, како што информира Општината, ја запознала со тековните проекти и стратешките цели на локалната самоуправа, насочени кон модернизација и подобрување на услугите за граѓаните.
-Двете страни разговараа за потенцијалот за идна соработка, со посебен фокус на размени во областа на културата, образованието и локалниот економски развој. Воедно, беше истакнато дека заедничката припадност кон франкофонијата е значаен мост кој дополнително ги зближува двете земји и нуди дополнителен простор за продлабочување на пријателските односи, информира Општина Кисела Вода.
Амбасадорката и градоначалничката ја потврдиле заложбата за градење силни партнерства, при што била истакната важноста на споделувањето на добрите практики од романските општини, особено во искористувањето на европските фондови за локални проекти.
-На крајот од средбата, соговорничките изразија заемно задоволство од денешниот дијалог и ветија дека во претстојниот период ќе продолжат со интензивна комуникација за реализација на конкретни иницијативи, кои се од заеднички интерес за Општина Кисела Вода и пријателска Романија, се наведува во соопштението.
мај 14, 2026
