Свет
Папата Лав XIV: Црквата мора да ја осуди војната и да застане на страната на жртвите и сиромашните
Папата Лав XIV изјави дека е должност на Црквата јасно да го осуди секое зло и да прогласи мир и да застане на страната на сиромашните, експлоатираните и жртвите на војните.
Зборувајќи пред општата аудиенција на плоштадот Свети Петар во Рим, папата истакна дека Црквата има задача да ги толкува историските настани преку Евангелието и недвосмислено да ги отфрли сите форми на насилство, објави „Анса“.
„Црквата го осудува злото во сите негови форми и го прогласува спасението што Христос го носи за човештвото, како и Царството на правдата, љубовта и мирот“, рече папата додавајќи дека Црквата мора „јасно да зборува против сè што го загрозува животот и неговиот развој“.
Тој нагласи дека Црквата има обврска да застане на страната на најранливите – сиромашните, експлоатираните, како и жртвите на насилство и војни, но и на сите оние што страдаат физички и духовно.
Изјавата на папата следува по критиките од американскиот претседател Доналд Трамп, кој го оспори неговиот став за војната и го обвини дека е слаб и дека ја загрозува безбедноста, особено во контекст на Иран и нуклеарното прашање.
Папата одговори дека критиката е легитимна, но мора да се темели на факти потсетувајќи дека Католичката црква постојано се спротивставувала на нуклеарното оружје и за време на неговиот понтификат и претходно.
„Мисијата на Црквата е да ги проповеда Евангелието и мирот. Ако некој сака да ме критикува за тоа, нека го стори тоа искрено“, рече папата Лав XIV.
мај 7, 2026

