Connect with us

Регион

Во Никозија потпишан патоказ „Една Европа – еден пазар“ за зајакнување на ЕУ

Со потпишувањето на патоказот „Една Европа – еден пазар“ денеска беше означен заедничкиот ангажман на европските институции за продлабочување на единствениот пазар и зајакнување на конкурентноста на ЕУ, во рамките на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ во Никозија.

Документот беше потпишан од претседателот на Република Кипар, Никос Христодулидис, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Иницијативата има за цел да ја намали фрагментацијата, да ја зајакне стратешката автономија и да обезбеди целосно интегриран пазар до 2027 година, пренесува БТА.

Патоказот вклучува 42 активности структурирани во пет приоритетни столба: поедноставување на правилата, продлабочување на пазарот, зајакнување на трговската политика, намалување на енергетските трошоци со декарбонизација и забрзување на дигиталната транзиција и вештачката интелигенција.

Европската комисија се обврза да предложи соодветни легислативи, додека Европскиот парламент и Советот на ЕУ ќе работат на нивно брзо усвојување како политички приоритети. Спроведувањето ќе се следи преку редовни евалуации, а претставниците на институциите ќе се состануваат квартално за координација на процесот и вклучување на социјалната димензија на пазарот. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 2