Connect with us

Скопје

Општина Ѓорче Петров го унапреди системот за греење во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“

Општина Ѓорче Петров, во соработка со ЕУ за чист воздух – проект финансиран од Европската Унија и имплементиран од UNOPS, успешно го унапреди системот за греење во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“.

Како што велат од локалната самоуправа, со замената на досегашниот извор на енергија и оптимизацијата на системот за греење, емисиите на загадувачки супстанции од согорување се намалуваат до 98 проценти, што директно придонесува за подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на потрошувачката на енергија и унапредување на условите за престој и работа во училиштето и спортската сала.

-Во рамки на проектот е имплементиран современ бивалентен систем за греење со топлински пумпи (воздух-вода), кој овозможува автоматизирано и интелигентно управување со системот, прилагодувајќи ја неговата работа согласно надворешните температури. Дополнително, за оптимизација на внатрешната инсталација, поставени се термостатски вентили, со што се обезбедува рационална потрошувачка на енергија во согласност со реалните потреби на објектот, соопшти Општина Ѓорче Петров.

Како дел од координираните активности, с енаведува во соопштението, преку проектот „ЕУ за чист воздух“ извршена е замена на дотраените и енергетски неефикасни елементи во котларата, како и инсталација на современа термотехничка опрема во вредност од 145.000 американски долари.

-Општина Ѓорче Петров учествуваше со инвестиција од 96.000 евра за набавка на топлински пумпи и зголемување на електричната моќност потребна за нивно функционирање. Со оваа инвестиција, општината продолжува со имплементација на политики за одржлив развој, подобрување на квалитетот на живот и создавање здрави услови за идните генерации, се потенцира во соопштението.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2