Connect with us

Вести

Лафчиски во Солун на конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји

„Предизвици и иновации во цивилната заштита – прилагодување кон новите реалности на војувањето“ е темата на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји, на која од денеска до 5 јуни во Солун ќе учествува началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Конференцијата, како што информираат од Армијата, ја организираат Вооружените сили на Република Грција, ги обединува началниците на Генералштабовите од балканските држави, кои ќе дискутираат за предизвиците во цивилната заштита, отпорноста на општествата, примената на нови технологии и иновации, како и за механизмите за регионална соработка при справување со кризи и вонредни состојби.

Во рамки на престојот во Солун, на 5 јуни е предвидена и работна средба на генералот Лафчиски со командантот на НАТО корпусот за брзо распоредување – Грција, на која ќе се разговара за актуелни безбедносни прашања и можностите за понатамошно унапредување на соработката.

Учеството на началникот на Генералштабот на Армијата на оваа конференција се оценува како потврда за активната улога на државата во регионалните безбедносни иницијативи и нејзината посветеност кон зајакнување на стабилноста, соработката и меѓусебната доверба во регионот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1