Регион
Од ЕК нема пари за Србија во новата исплата од Планот за раст
Србија е изоставени во новата рунда исплати од Европската комисија за Западен Балкан од Планот за раст, бидејќи се уште не ги исполнила целосно реформските чекори што беа предуслов за исплата на тие средства. Освен Србија нема исплата и за БиХ, соопштија од Брисел.
Србија моментално чека на втората транша во износ од 163,1 милиони евра и третата од 265 милиони.
Средствата за Србија не се трајно изгубени, туку се блокирани додека не се исполнат потребните услови, по што ЕК може да ја одобри исплатата и за Белград.
Клучниот услов е напредок во областа на владеењето на правото, односно исполнување на препораките на Венецијанската комисија поврзани со новите закони во праводуството.
ЕК одобри денеска 65,7 милиони евра за Северна Македонијана, 49 милиони евра за Албанија, 44,2 милиони евра за Црна Гора како дел од Планот за раст за Западен Балкан.
Трансакциите се извршуваат по третото барање за плаќање и позитивната оценка на Комисијата за спроведените реформски чекори во областите на конкурентноста на претпријатијата и иновациите во Албанија и Црна Гора, како и образованието и дигитализацијата во Северна Македонија, соопшти Европската комисија.
Планот за раст за Западен Балкан, усвоен е во 2023 година со цел да донесе придобивки од членството на земјите-партнери од регионот дури и пред нивното пристапување кон ЕУ, и има за цел да ги интегрира партнерите во единствениот пазар на ЕУ, да ја подобри регионалната економска соработка, да ги продлабочи реформите поврзани со ЕУ и да го зголеми претпристапното финансирање.
Со денешната исплата, вкупниот износ исплатен во рамките на овој фонд достигнува 212,8 милиони евра за Албанија, 89,3 милиони евра за Црна Гора и 142,1 милиони евра за Северна Македонија.

