Скопје
Мицкоски: Започна доградбата на ООУ „Јоаким Крчовски“ во Ѓорче Петров
Простор за едукација на речиси 200 деца ќе се овозможи со доградба на осум училници во ООУ „Јоаким Крчовски“ во населеното место Волково-Орман во општина Ѓорче Петров.
Камен-телемникот на доградбата денеска беше поставен во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и општинските власти.
Проектот е финасиран со 42 милиони денари преку вториот повик на Владата.
– Денеска одбележуваме 80 години јубилеј на училиштето и ги поставуваме темелите за иднината на многу генерации во овој дел на општината, која се развива забрзано и има потреба од училиште бидејќи секоја година е сè поголем бројот на деца. Во новите осум училници на речиси 600 квадратни метри ќе можеме да примиме 200 дечиња. Посакувам ова училиште да почне од 2027/2028 година со едносменска настава. Ова е второ училиште со доградба овој месец, а се надевам дека ќе почнеме уште една месецов – изјави градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Премиерот Мицкоски истакна дека очекува успешна реализација на проектот потенцирајќи го ангажманот на сите фактори вклучени во активностите.
– Сите технички и инфраструктурни капацитети што ќе ги има овој објект ќе бидат додадена вредност во образовниот процес на децата. Како Влада продолжуваме да работиме посветено. Тоа што го ветивме и го исполнуваме – рече Мицкоски.
мај 21, 2026
