Connect with us

Култура

ДФРМ: Со новиот закон за игрите на среќа македонскиот филм добива нова шанса за развој и меѓународен успех

Друштвото на филмските работници на Македонија ја поздравува одлуката на Владата на Република Северна Македонија, како и заложбите на Министерството за култура и туризам и Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, за усвојување на предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри, кој влегува во собраниска процедура, а со кој се предвидува Агенцијата за филм да добива 3 % од уплатените давачки од игрите на среќа, се вели во соопштението на Друштвото на филмските работници на Македонија.

Ваквиот потег на Владата недвосмилено покажува голема поддршка и препознавање на успехот кој со години го постигнуваат македонските филмови и покажува силна решеност за поттикнување и зајакнување на развојот на филмската дејност во Македонија. Овој механизам ќе овозможи уште поголема и посистематизирана поддршка на домашната филмска продукција и меѓународните копродукции, исплата на заостанатите долгови, како и повторно отворање на конкурсите за пишување сценарио, развој на проекти, постпродукција, промоција и ТВ-серии.

Ние филмаџиите, по многу години борба и апелирање за состојбите во дејноста, првпат чувствуваме дека нашата работа е видена и препознаена, а нашиот глас слушнат од страна на државата, за што сме благодарни.

Друштвото на филмските работници на Македонија останува на располагање на Агенцијата за филм и сите други државни институции за соработка и стручна консултација за понатамошен развој на филмската дејност.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1