Connect with us

Култура

„Студентите против дискриминација“ изложба во Галерија Остен

Изложба на постери посветени на промоција на еднаквоста, недискриминацијата и ненасилството, изработени од студенти на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет Скопје вечер во 19 часот ќе биде отворена во Галеријата Остен во Скопје, информира Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

На изложбата што се реализира во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија, ќе бидат претставени дела создадени во рамки на конкурсот за студентски постери, реализиран како дел од соработката меѓу КСЗД и Европскиот универзитет Скопје, со цел подигнување на јавната свест за еднаквоста и недискриминацијата преку уметност и дизајн.

Изложени се 25 постери, од кои секој претставува уникатен и креативен одговор на темите човекови права, еднаквост и ненасилство.

Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 3 јуни 2026 година.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1