Сервисни информации
УХМР: Умерени промени на водостоите на реките, стабилно ниво на езерата
Водостоите на реките низ земјава бележат умерени дневни промени, при што се регистрирани и зголемувања и намалувања на различни мерни места, додека нивото на природните езера останува стабилно, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
Според мерењата, на Вардар се регистрирани различни промени по текот на реката – благ пораст има кај Таор (од 146 на 152 см), Велес (од 84 на 86 см) и Демир Капија (од 140 на 152 см), додека кај Јегуновце е забележано мало опаѓање (од 136 на 134 см), а во Скопје водостојот останува непроменет.
Зголемување има и на дел од помалите водотеци, како Крива Река кај Крива Паланка (од 17 на 19 см) и Брегалница кај Штип (од 80 на 83 см), додека кај Пчиња кај Пелинце се бележи намалување (од 42 на 40 см).
Намалување на водостојот е евидентирано и кај дел од реките во јужниот и западниот дел од земјата, меѓу кои Струмица кај Сушево (од 90 на 88 см) и Црна Река кај Новаци и Рибарци, додека Треска и Бабуна се без значајни промени.
Кај природните езера, нивото останува стабилно и без позначителни дневни варијации, а УХМР посочува дека нивото на Дојранското Езеро и натаму е околу 60 сантиметри под договорениот минимум.
мај 18, 2026
