Сервисни информации
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд во пограничните места. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од два до 11 степени, а максималната од 15 до 25 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне 24 степени.
мај 18, 2026
