Connect with us

Скопје

Средба на градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте

Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денеска имала средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте, на која, како што информира Општината,  ја  запознала со тековните проекти и стратешките цели на локалната самоуправа, насочени кон модернизација и подобрување на услугите за граѓаните.

-Двете страни разговараа за потенцијалот за идна соработка, со посебен фокус на размени во областа на културата, образованието и локалниот економски развој. Воедно, беше истакнато дека заедничката припадност кон франкофонијата е значаен мост кој дополнително ги зближува двете земји и нуди дополнителен простор за продлабочување на пријателските односи, информира Општина Кисела Вода.

Амбасадорката и градоначалничката ја потврдиле заложбата за градење силни партнерства, при што била истакната важноста на споделувањето на добрите практики од романските општини, особено во  искористувањето на европските фондови за локални проекти.

-На крајот од средбата, соговорничките изразија заемно задоволство од денешниот дијалог и ветија дека во претстојниот период ќе продолжат со интензивна комуникација за реализација на конкретни иницијативи, кои се од заеднички интерес за Општина Кисела Вода и пријателска Романија, се наведува во соопштението.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1