Скопје
„Денови на културата 2026“ во Илинден затворени со свеченост во Домот на култура
Општина Илинден со свеченост во Домот на култура „Илинден“ го затвори тридневното културно случување „Денови на културата 2026“, на кое беа реализирани повеќе литературни и уметнички настани со учество на бројни автори и уметници.
-На завршната вечер се обрати покровителот на манифестацијата, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека локалната самоуправа останува посветена на негувањето на македонската култура, поддршката на уметниците и создавањето можности за афирмација на младите таленти – стои во соопштението од Општината.
Во рамки на централниот настан се одржала и поетска вечер посветена на современата македонска родољубива поезија а дел од културната програма била детска театарска претстава, традиционалното Литературно матине за деца, на кое биле доделени награди и признанија за најуспешни творби и автори. Програмата била заокружена со културно-уметничка вечер, на која биле претставени ликовна изложба, настапи на културно-уметнички друштва, танцови точки и музички изведби на ученици од општина Илинден.
мај 14, 2026
