Регион
11 роботи ќе бидат вклучени во наставата во Србија

Единаесет хуманоидни роботи, што претставуваат високотехнолошка алатка за асистивна технологија, се доделени на училишта што се ресурсни центри за инклузивно образование во Србија.
„Ќе се користат како помошно средство во наставата на децата со пречки во развојот и инвалидитет каде што наставникот има клучна улога во водењето и насочувањето на процесот“, изјави министерот за образование Дејан Вук Станковиќ.
Тој додаде дека во претходниот период, инклузивното образование е подобрено со системски мерки насочени кон достапност на асистивни технологии и професионален развој на едукаторите кои работат со деца на кои им е потребна дополнителна поддршка.
Шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Андреас фон Бекерат, изјави дека се основани шест ресурсни центри за асистивни технологии, што директно поддржуваат илјадници ученици, обучуваат околу 6.000 наставници и 1.000 експерти во сите општини.
„Денешното примопредавање не е само прашање на технологија, туку и отворање нови можности за учениците да учат, да се поврзуваат и да бидат препознаени. ЕУ ќе продолжи да поддржува квалитетен и инклузивен образовен систем во Србија“, рече Бекерат.
септември 6, 2025