Connect with us

Кошарка

КК Пелистер со нов играч во составот

Американецот Кевин Брејси – Дејвис е нов член на КК Пелистер. Тој потпиша договор со „битолчани“ со важност од една година. Со новото име во составот тимот на Пелистер формира тим кој треба да конкурентен во домашните натпреварувања, но и во европските – квалификации во Лига на шампионите.

Американецот (30 години, 201 сантиметар) – игра на крилната позиција и има настапувано во неколку европски држави, а беше и еден од најдобрите играчи на Трепча кога овој клуб ја освои титулата првак на Косово. Лани настапуваше во Изреал, каде имаше просек од 18,3 поени; 4,8 скокови и 2,3 асистенции по натпревар.

Брејси – Дејвис е третото странско засилување за КК Пелистер сезонава, по Никола Малешевиќ и Остин Прајс.